Околу 13 часот и 45 минути едно од повредените од пукотницата во Арачиново е испратено во Клиничкиот центар во Скопје, јавува ТВ21. Директорот на торакалната клиника Неџати Јакупи за ТВ21 изјави дека 21-годишниот пациент со иницијали А.А. му е изваден дел од белите дробови.
„Односно, пациентот имаше прострелна рана, му беше оштетен десниот дел на белите дробови, беше извршена хируршка интервенција во која беше отстранет еден дел од белите дробови од десната страна. Пациентот е во состојба на шок, нормално дека ќе преноќи на интензивна нега, па ќе видиме како ќе му се развива состојбата“, изјави Неџати Јакупи, директор на Торакалната клиника во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, изјави за ТВ 21 директорот.
Во меѓувреме, другиот повреден, 39-годишниот со иницијали Е.С. лежи во градската болница „Свети Науми Охридски“. Директорот Лубен Арсенков за ТВ21 изјави дека е во добра здравствена состојба, поточно дека е свесен.