Нови детали за пукањето во Маџари

Едно лице е повредено и во стабилна состојба се наоѓа во една од скопските болници. Уште едно лице, чиј идентитет се уште е непознат, е приведено во престрелката која претпладнево се случила во населба Маџари.
Според неофицијални полициски извори во инцидентот учествувале две семејства кои со оружје решавале нерасчистени сметки.
Според неофицијалните информации, престрелката продолжила и по околните улици, а неколку од куршумите завршиле и во возила на случајни минувачи.
Од МВР само потврдуваат дека се случил ваков инцидент, но се уште не можат да изнесуваат детали бидејќи истрагата е во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.