Нови детали за свадбата на Анастасија Гудељ: Торта со 6 ката, разновидни цвеќиња… (фото)

Анастасија Ражнатовиќ му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Немања Гудеља во вилата на Цеца на Дедиње.Тајната венчавка на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ се одржа во вила на Дедиње, а на прославата моментално присуствуваат најблиските роднини и пријатели.За оваа пригода, младенците избраа елегантна торта во форма на замок од шест ката, а уживањето беше украсено и со посебни украсни цветови во сина, виолетова и розова боја.Аранжмани на цвеќе како и бели и розови балони имаше насекаде во вилата на Цеца.Вељко Ражнатовиќ, братот на Анастасија, на својот Инстаграм профил сподели слика со младенците, но и онаа на празничната маса со бабите и дедовците – родителите на Цеца.Инаку, Анастасија и Немања Гудељ пред Бога се заколнаа на вечна љубов кон крајот на јули минатата година во манастирот Рајиновац.

Пронајдете не на следниве мрежи: