вторник, 24 ноември 2026
Најново

Нови ограничувања на движењето – ФОТО приказ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата реши да се забрани движењето на младите до 18 години од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11 до 05 часот следниот ден, сопшти вечерва техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Тоа значи дека младите до 18 години ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот, а возрасните над 67 години од 05 до 11 часот претпладне.
Тоа е направено за да не се поклопуваат овие две возрасни групи, младите како преносители на коронавирусот, а повозрасните како најризична категорија граѓани, истакна Спасовски во вечерашното гостување на ТВ24.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Информира и дека полицискиот час за сите се поместува од 21 до 05 наместо до 06 часот.
Утре на седница на Кризниот штаб ќе биде разгледана и можноста за целосно укинување на јавниот превоз.
Спасовски не исклучува и дополнителни рестриктивни мерки зависно од тоа какви ќе бидат проценките за развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во применувањето на досега донесените.
Апелира до сите да ги почитуваат воведените мерки и да останат дома, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Па потоа прочитајте уште и ова:

БОРИСОВ до бизнисмените: „Продадете ги скапите коли и јахти и така ќе дадете плата на работниците“

Состојба во КОРОНА ВИРУСОТ во државава (23 март 2020) (графикон)

Поврзани вести