сабота, 28 ноември 2026
Најново

Нови петмина помилувани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уште пет лица обвинети за настаните од 27 април 2017. година во Собранието на Република Македонија добија амнестија. Се работи за лица кои беа обвинети за учество во толпа.
-Одделот за Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, донесе решенија и денеска ги експедира до странките, а со кои барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 ги уважи, додека сите преостанати барања се одбиени како неосновани, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
Со овие решенија Основниот суд Скопје 1, во законски утврдениот рок постапи, донесе решенија и истите ги достави до странките по однос на сите барања поврзани со Законот за амнестија на настаните од 27– ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија, посочуваат од таму.

Поврзани вести