Шпанскиот обвинител поднесе второ даночно обвинение против колумбиската пејачка Шакира, обвинувајќи ја за измама на државата од 6,6 милиони евра во 2018 година.
-Познатата кралица на латино попот веќе треба да оди на суд во ноември во Барселона за случајот со неплаќање даноци во висина од 14,5 милиони евра за периодот 2012-14 година, објави Ројтерс.
Иако таа негира дека сторила нешто лошо, таа може да биде осудена на осум години затвор.