Ако Владата на Ципрас не успее да го ратификува Преспанскиот договор главната грчка опозициска партија “Нова Демократиа“ ќе преговара повторно со Македонија за решавање на спорот за името,, изјави советникот на партискиот претседател Кириакос Мицотакис, Макаруис Лазаридис.
Пред грчкото радио „Параполитика“ Лазаридис ја повторил позицијата на Мицотакис дека партијата нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор под никакви услови.
„Ако договорот не биде ратификуван во Грција, ние како Влада ќе започнеме нови договори со Скопје од нула“, изјавил Лазаридис.
Актуелниот договор помеѓу Скопје и Атина, според него е лош заради тоа што ги признава македонскиот јазик и идентитет, нешто што, како што нагласи Лазаридис, досега не било прифатено од ниту една грчка Влада.