„Нови хоризонти“ – изложба на Зоран Арсовски-Бабата во Крива Паланка






Во НУ Центар за култура Крива Паланка вечер ќе биде отворена самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски-Бабата, насловена „Нови хоризонти”. Изложбата е во рамки на манифестацијата Крива Паланка, град на културата за 2024 година.

Ова е 16 по ред самостојна изложба на уметникот Арсовски-Бабата, со која тој ќе се претстави пред љубителите на уметноста, овој пат пред македонската публика, откако претходните проекти и изложби ги презентираше пред меѓународната ликовна сцена.

Арсовски е роден во 1980 година во Куманово. Дипломирал во 2005 година на Националната Ликовна Aкадемија во Софија, Бугарија, насока Сликарство во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Во 2007 година магистрирал на истата Академија и се стекнал со професионална квалификација Магистер по Сликарство.

Проектот е од национален интерес во културата од годишната програма за 2024 година на Министерство за култура.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: