Нови цени во Скопје ZOO

Со покачувањето на цените на билетите за Зоолошката градина во Скопје на едно четиричлено семјство му требаат 320 денари само за влез. Имено, наместо досегашните 50 денари за еден билет сега ќе треба да платите 80 денари. Според директорот Ѓорѓи Галетановски поскапувањето било неопходно заради трошоците кои ги имала градината со доаѓањето на новите животни.
Но тоа не е се. Нови цени од летово ќе имаат и содржините кои се во подготовка и набрзо ќе се отворат. За влез во паркот на диносаурусите ќе треба да платите уште 50 денари, а во мини зоолошката доколку сакате да ги видите бебињата животни, дополнителни 20 денари. Па, пред да тргнете на дужење со животните добро пресметајте колку пари треба да имате во паричникот. Ако ви е за утеха директорот Галетановски за последново поскапување вели дека е симболично.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.