Нови цени на горивата од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе стапат на сила од полноќ.

Согласно одлуката на РКЕ, за еден денар се намалуваат цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1). Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, додека за половина денар поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница. …
Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво …

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,281 ден/кг и сега ќе изнесува 41,517 ден/кг.

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,517 (денари/килограм)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.