- Среде ноќ насилно влегол преку балкон и ја претепал сопругата – уапсен 33-годишник од гостиварскоВчера во 11:50 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР… Read more: Среде ноќ насилно влегол преку балкон и ја претепал сопругата – уапсен 33-годишник од гостиварско
- Вирус кој милиони го имаат: Херпесот може да предизвика хаос во мозокот, дури и најтешки болестиИстражувањата покажуваат дека вирусот на херпес симплекс (HSV-1) може да… Read more: Вирус кој милиони го имаат: Херпесот може да предизвика хаос во мозокот, дури и најтешки болести
- (Видео) Манасиевски: Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанијаПатолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе… Read more: (Видео) Манасиевски: Патолошкиот лажго Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија
- Од 1 ноември, 4 знаци ги очекуваат чуда: Нивните 5 минути доаѓаатОд 1 ноември, Девица, Близнаци, Вага и Скорпија очекуваат нови… Read more: Од 1 ноември, 4 знаци ги очекуваат чуда: Нивните 5 минути доаѓаат
- Андоновски за безбедносните недостатоци во ПИОМ: Мора да подготвиме план за заштита не само на податоците, туку и на системитеМинистерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека извештајот на… Read more: Андоновски за безбедносните недостатоци во ПИОМ: Мора да подготвиме план за заштита не само на податоците, туку и на системите
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината осомничените во случајот со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.
Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за грабнување и помагање на убиство и на Ѓорчевска и на Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тие од почетокот на декември се во притвор во Шутка.
Продолжен е и притворот за Стефан Димковски кој е осомничен дека му помогнал на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо да избега во Турција.
Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена. Два и пол часа по нејзиното грабнување, односно околу десет часот е застрелана. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда и Горно Оризари.
На ова му претходеше и грабнувањето и убиството на велешанецот Панче на 22 ноември. Неговиот автомобил Цитроен потоа е искористен за грабнувањето на Вања.
Првоосомничениот во случајот Палевски ја напушти државата на 30 ноември и кратко престојуваше во Белград. На 2 декември, осомничениот Димковски со возило Ленд Ровер го превезол Палевски преку Бугарија во Турција, каде по меѓународна потерница беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир.
Турското обвинителство во меѓувреме на Палевски му одреди привремен затвор во Казнено-поправна установа Беликсир.



