“Новогодишна ЗОО бајка“ во Скопје ЗОО

Во скопската Зоолошка градина денес се одржи забава за деца „Новогодишна Зоо Бајка”, а забавата ќе продолжи и утре. И покрај загаденоста и студеното време децата, сепак, мора некако да ја почувствуваат новогодишната магија, а ова е одлична прилика.
Двата дена од 12 до 16 часот најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма. Влезниците се 100 денари за деца и возрасни, а може да се купат на билетарницата на Зоолошката градина.
Од 12 часот денес беше изведена претставата „Новогодишно чудо” со Дедо Мраз, а потоа Дизни јунаците Мики, Мини и Олаф делеа подароци за секое дете. Истата програма децата ќе имаат прилика да ја проследат и утре, па капите на глава, шаловите врз носот и устата, и правец Скопје ЗОО.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.