Наследничката на Ангела Меркел, педесет и шест годишната Анегрет Крамп-Каренбауер денес го именуваше 33-годишниот конзервативец, Паул Зјемјак за нов генерален секретар на партијата.
Со именувањето на Зјемјак, кој е актуелен лидер на младите на ЦДУ, Крамп-Каренбауер настојува да изгради мостови со ривалите за лидерската позиција, кои ги победи вчера на партискиот конгрес во Хамбург, оценуваат медиумите. Крамп-Каренбауер со тоа покажува дека е решена да ги спречи трајните поделби во партијата и да им даде повеќе простор на конзервативците и помладите членови да се слушне и нивниот глас.
Зјемјак за оваа позиција немал против кандидати, а ја добил поддршката од 62,8 отсто од партиските делегати на конгресот. До сега функцијата генерален секретар на ЦДУ, која се занимава со дневна политичка стратегија на партијата ја извршуваше токму новоизбраната Крамп-Каренбауер.
.
Пронајдете не на следниве мрежи: