Бебе кое што се родило на ГАК е позитивно на коронавирусот, тврдат извори за „Телма“ од клиниката.
Бебето е изолирано во посебна просторија и се смета дека е можно да е првото новороденче кое што се заразило со вертикална трансмисија од мајката.
Инаку, од клиниката за гинекологија ја потврдуваат оваа информација, но исто така оставиле и простор за сомнеж бидејќи со тоа ова би било првиот случај на вертикална трансмисија на Ковид-19, што досега не било докажано дека постои.
Моментално се прави уште еден тест за кој што се чекаат резултатите, а тестот е направен по препорака на Министерството.
Ниту мајката, ниту новороденчето немале симптоми, а тоа уште повеќе го зголемува сомнежот на докторите.
Мајката имала позитивен Ковид тест, но само на еден антиген, а не на двата кои што се потребни, сега се чекаат и нејзините резултати.
Досега, ваков случај во земјава не е потврден, па се чека во текот на денов дополнителните испитувања да покажат дали е можно Ковид-19 да се пренесува преку вертикална трансмисија.