Ново истражување ја откри најздравата нација, Македонија е на 56. место

Македонија е на 56. место во светот според индексот на здравје на земјата, според истражувањето на „Блумберг“ кое било спроведено во 169 земји.
Од државите во регионот Хрватска е на 30. место, Словенија е на 24. место, а Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 41.42. и 43. место. Македонија е убедливо најлошо рангирана на 56. место. Србија е само едно место подобра од нас, на 55. место. Последното истражување било направено во 2017 година и Македонија има пад од 12 места, со оглед дека пред две години сме биле на 44. место на листата.


При рангирањето се земени следнивте фактори: просечна старост, пушење цигари, зголемена телесна тежина, достапност на вода за пиење и санитарни чворови.
Со 96,56 бода од можни 100 неочекуван победник е Шпанија, која е на првото место на најздрава нација во светот. Пред две години лидер на табелата беше Италија, која сега е на второ место.
Како што пишува „Блумберг“, тајната на здравиот живот е во нивните навики во исхраната. Медитеранска диета, дополнета со маслиново масло и јаткасти плодови води до помал степен на кардиоваскуларни проблеми. Заради тоа Шпанија има највисока старост на населението. До 2040 година просечниот животен век во Шпанија би можел да изнесува 86 години. Шпанија во чекор ја следат Јапонија, Сингапур и Швајцарија, според податоците на Институтот за здравствена метрика и евалуација на Универзитетот во Вашингтон.
Со Шпанија и Италија во топ 10 најздрави земји се и четири европски држави – Исланд (3.), Швајцарија (5.), Шведска (6.) и Норвешка (9.). На четврто место е Јапонија, Сингапур е осми, Австралиија е на седмата позиција а Израел е 10.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.