Соединетите Држави лансираа невооружена интерконтинентална балистичка ракета вчера рано наутро од вселенската база Ванденберг во Калифорнија. Тоа е првото од двете лансирања планирани за оваа недела, пренесува CBS.
Командата на воздухопловните сили објави видео и слики од ракетата Minuteman III додека лета низ небото северно од Санта Барбара.Во соопштението се вели дека програмата за тестирање е дизајнирана за „да се потврди безбедноста, ефективноста и подготвеноста на системот за оружје“. Minuteman III патувал преку 6.400 километри со брзина од повеќе од 24.000 километри на час до Маршалските Острови во централниот дел на Пацификот.
Air Force Global Strike Command launched an unarmed Minuteman III intercontinental ballistic missile to “showcase the readiness of U.S. nuclear forces” 👀I haven’t seen this video narrated by U.S. Space Force Senior Airman Kadielle Shaw shared much — but it’s very well done: pic.twitter.com/M3j1JOJiB6— Ian Ellis (@ianellisjones) June 5, 2024
„Ова пробно лансирање го означува почетокот на една исклучителна недела за нашите воздухопловци во Ванденберг, со две планирани пробни лансирања од Западниот дострел“, рече полковникот Брајан Титус, заменик командант на армиската единица за вселенско лансирање Делта 30.„Овие тестови се од огромно значење, не само за одбраната на нашата нација, туку служат и како клучен момент за демонстрација на исклучителните способности и експертиза на нашиот посветен тим“, додаде тој.
Што е Minuteman III?
Minuteman III стана оперативен во 1970-тите. Во моментов има 400 ракети Minuteman III во различни бази на воздухопловните сили низ земјата, кои военото крило ги опишува како стратешки вооружен систем наменет да служи како „сигурно и ефективно нуклеарно одвраќање“.
Слични тестови биле спроведени повеќе од 300 пати претходно, а Титус вели дека вчерашниот тест „не бил резултат на актуелните светски настани“, туку имал за цел „да покаже дека нуклеарното одвраќање на САД е безбедно, доверливо и ефикасно“.
Minuteman III може да стигне до Москва и Пекинг, на 9.500 и 9.650 километри од Калифорнија, соодветно, во рок од 30 минути.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.