Ново писмо од Јанева: Од “Шутка“ барала пари од “црниот фонд“ на обвинителите во СЈО за својата одбрана

На “Рузвелтова 34“ пристигнало ново писмо од Катица Јанева, објави ТВ“Сител“. Според информации на телевизијата, поранешната специјална обвинителка во писмото навела неколку барања.
Освен да ги добие личните предмети, Јанева пишувала и за таканаречениот “заеднички фонд“, односно “црн фонд“ на СЈО, со кој таа лично управувала.
Неофицијално сакала тој буџет да се користи за покривање на трошоци за нејзина одбрана во текот на кривичната постапка.
Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, вели дека нема информации оти нејзиниот клиент испратил писмо со кое бара за нејзина одбрана да се користи “заедничкиот фонд“ на вработените во обвинителството.
Како што пренесува ТВ“Сител“, новото писмо на Јанева никој во СЈО не сака да го коментира, но неколку обвинители потврдиле дека вработените во Обвинителството одделувале пари за фонд кој се користел за заеднички потреби.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.