Ново поскапување на горивата

Од РКЕ соопштија дека од вечерва на полноќ ќе важат нови, поскапи цени за горивата. Според методологијата за пресметување на малопродажните цени на горивата, од вечерва цените ќе се зголемат за 1,05 проценти.
Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се зголемат за половина денар.
Еуросупер-95 ќе чини 61 денар по литар, Еуросупер-98 ќе чини 63 денари, додека Еуродизелот ќе чини 52 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.