Ново самозапалување во Бугарија

Педесет и две годишниот Димитар Димитров се наоѓа во животна опасност откако во средата се поли со бензин и се самозапали пред зградата на претседателството во Софија.

Состојбата на Димитров е критична поради тешките изгореници по главата, вратот, градите и двете раце, но и вдишувањето на токсични гасови.
Според сведоци на немилиот настан, Димитров бил до фонтаната пред претседателството и не се движел и одеднаш пламнал.
Мажот, како што јавува Бгнес, се занимавал со ковано железо. Има ковачница во селото Крајници, Дупнишко. Околу местото каде што се запалил имало расфрлани бизнис картички.
Бгнес потсетува дека ова е четврт ваков случај на самозапалување за еден месец. Сите три претходни случаи лицата што се самозапалија починаа.
Макфакс
Педесет и две годишниот Димитар Димитров се наоѓа во животна опасност откако во средата се пол

Пронајдете не на следниве мрежи: