Нов главен и одговорен уредник на Телевизија 24 – Огнен Јаневски

Откако досегашниот главен и одговорен уредник на Телевизија 2 , Младен Чадиковски се повлече од функцијата на негово место дојде Огнен Јаневски. Чадиковски викендов беше избран за претседател на Здружението за новинари на Македонија, па во статус на Фејсбук, тој вели дека останува дел од тимот на ТВ24, но дека поради тоа што треба да се посвети на обврските и предизвиците во ЗНМ нема да може да ја извршува уредничката позиција.
-На овој начин посветено и ангажирано ќе можам да одговорам на професионалните предизвици што ме чекаат во ЗНМ, без двојство на функции или можност за конфликт на интереси од било каков карактер-вели Чадиковски во статусот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: