Нов ден, нова претставничка на Македонија: Анастасија Мојсовска денеска ќе стрела во олимписката мета

Вториот ден на Олимписките игри во Париз, носи и настап на вториот македонски спортист.

Откако вчера во свое деби имаше пливачот Никола Ѓуретановиќ, денеска ќе дебитира и Анастасија Мојсовска.

Македонската олимпијка ќе настапи во стрелаштво во дисциплината воздушна пушка од 10 метри. Почетокот на квалификациската рунда е закажан за 09.30 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: