Нов доказ: Кафето го штити мозокот

Невролозите продолжуваат да откриваат нови начини на кои кафето (во помала мера), чајот и чоколадото ги прават нашите мозоци поздрави и поотпорни. Во 2019 година има неверојатен напредок во ова истражување.
Нов доказ: Кафето го штити мозокот
Заедничката студија на Националниот институт за проучување на стареењето и на Универзитетот „Џoнс Хопкинс“, објавена во јануари во списанието „Неврохемиски истражувања“, открива дека супстанцијата метилксантин ја има во кафето, во чајот и во темното чоколадо (во какаото).
„Супстанцијата влијае на активноста на невронската мрежа, ја одржува когнитивната функција и може да ги заштити невроните од губење на функцијата и од умирање при мозочен удар кај животните, но и да заштити од Алцхајмерова и од Паркинсонова болест“, стои како заклучок.
Истата студија открива дека супстанцијата ксантин метаболит која се лачи кога мозокот го обработува кофеинот може да придонесе за корисни ефекти на кафето, на чајот и на какаото врз здравјето на мозокот.
Потоа, анализата на 11 истражувања за ефектите на кафето врз здравјето на мозокот, објавена во Меѓународното списание за хируршка онкологија, покажува дека кафето и чајот (а со тоа и какаото) не само што го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест, туку и го намалуваат ризикот од карцином на мозокот.


На крајот, темелното истражување на Универзитетот „Окајама“ покажува дека внесувањето на хлорогените киселини од кафето ги стимулираат антиоксидантните својства на глијалните клетки и спречува невродегенерација. Во превод, кофеинот го прави вашиот мозок пофлексибилен и поотпорен.
Заклучок: Ако сакате да го одржите вашиот мозок здрав во иднина, треба да консумирате кафе, чај или какао.
Колку?
Веројатно не консумирате доволно. Истражувањата покажуваат дека идеалната дневна доза кафе е околу 6 до 8 шолји.
Ако тоа звучи како премногу, можете да замените една или две шолји кафе со парче црно чоколадо. Треба да се напомене дека од други здравствени причини, треба да консумирате кафе, чај и какао без шеќер и млеко. Но, ефектот и понатаму ќе биде подобрена работа на мозокот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.