Нов Зеланд во строг карантин поради еден случај на коронавирус

Премиерката на Нов Зеленд вчера воведе тридневен карантин откако во Окленд беше регистриран само еден случај на коронавирус.
Во меѓувреме, во текот на ноќта се потврдени четири нови случаи со што вкупниот број изнесува пет. Потврдено е дека сите нови случаи се заразени со делта сој и се поврзани со првиот случај.
Првиот случај на Нов Зеланд во изминатите шест месеци беше регистриран кај 58-годишен маж кој бил во посета на градот Коромандел, иако сè уште не е познато како се заразил со коронавирус.
Премиерката Џасинда Ардерн на конференција за новинари во вторник рече дека Окленд и Коромандел ќе бидат во 7-дневен, а остатокот од земјата во тридневен карантин.
„Делта сојот ја промени ситуацијата. Тоа значи дека треба да вложиме напор да го прекинеме ширењето“, предупреди Ардерн.
Според новите мерки, ќе бидат затворени училиштата, канцелариите и продавниците, а ќе работат само маркетите и аптеките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.