Нов земјотрес е регистриран во Јадранското Море кај италијанскиот брег. Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот е на 65 километри од Римини и 37 километри од градот Пезаро.
За потсетување, приближната локација беше погодена од земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала на 9 ноември, кој беше почувствуван и во Хрватска. По него следеа неколку умерени земјотреси во областа. Во областа Анкона, пријавено е оштетување на ѕидовите на зградите, а болницата Вила Игеа е евакуирана.