Бројот загинати во западната пакистанска провинција Белуџистан во силниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени по Рихтер кој се случи во близина на иранско-пакистанската граница се искачи на 40, а околу 300 се повредни.Досега, според изјавата на Махмуд Мири, гувернерот на иранската провинција Систан Белуџистан, потврдено е загинување на едно лице и повредени пет во оваа југозападна иранска рурална слабо населена планинска и пустинска област. Иранските медиуми и власти по првичното информирање во вторникот за очекување на стотици жртви, во средата престанаа со информации за бројот на настраданите. Според некои ирански функционери, тоа се должи на прекинот на електрична енергија и комуникациите со погодената област, па вестите бавно пристигнуваат.Според последните прецизирања на податоците од Иранскиот сеизмолошки центар (IRSC) епицентарот на земјотресот кој се случи во вторникот 15,14 часот по локално време 12,44 часот по македонско време, но сега длабочината е коригирана на 95 километри, бил 95 километри северно од градот Сараван, или на 80 километри југоисточно од иранскиот град Каш, во кој живеат околу 50 илјади луѓе, 201 километри југоисточно од градот Захедан и 250 километри северозападно од пакистанскиот град Турбата.Земјотресот беше почувствуван соседен Пакистан, уништил стотина куќи и го затресол високите згради дури и во многу оддалечената Индија и другите земји во Персискиот залив, Бахреин, Кувајт, Оман, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски ЕмиратиАфтершокови од потресот се почувствувани во разни региони на Пакистан и во средата, во престолнината Исламабад во северниот дел од земјата, во јужниот мегалополис Карачи и во Лахоре близу индиската граница, како и во Квета, административниот центар на провинцијата Белуџистан во севрозападната планинска паштунска зона.Во средата на иранско-пакистанската граница е регистриран уште еден земјотрес со магнитуда од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
MaкфаксБројот загинати во западната пакистанска провинција Белуџистан во силниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени по Рих