Нов инцидент во Нови Сад, падна автобуска постојка

Утрово на булеварот Европа во Нови Сад падна постојка за градски автобуси, за среќа нема повредени, јавуваат српските медиуми.

На подот се гледаат големо количество стакло и други остатоци.

Минатиот месец се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад каде животот го загубија 15 луѓе.

Според 021.rs, несреќата се случила откако триесет и четиригодишниот возач на автомобил додека минувал низ кружниот тек се „занесол“, по што удрил во автобуската постојка.

Полицијата излезе на терен. Утврдено е дека возачот не бил во алкохолизирана состојба, а против него се води прекршочна пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: