Нов масакр на Шри Ланка -15 жртви (ВИДЕО)

По убиството на повеќе од 250 луѓе од страна на исламистите во бомбашките напади, синоќа полицијата обиколила куќа во која се криеле осомничените за нападите. Куќата се наоѓа во местото Сенхамарита , на 364 километри источно од Коломбо. Откако осомничените од куќата почнале да пукаат на полициските специјалци, тие возвратиле на огнот. Во целата акција биле убиени 15 лица.
Во куќата избувнале три силни експлозии, велат од полицијата на Шри Ланка. По завршувањето на акцијата, специјалците пронашле тела на 15 лица, меѓу кои и на три жени и шест деца.
Престрелката траела околу два часа, а осомничените биле членови на локалната исламистичка организација  National Towheed Jama’at (NTJ).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK