Универзитетскиот професор, Хисни Исмаили, ќе биде нов министер за култура, објави телевизијата “Алсат М“. Исмаили е редовен професор на Тетовскиот Универзитет, а се образувал во Тузла.
Пред еден месец од Mинистерството за култура оставка си даде Асав Адеми. Адеми тогаш рече дека одлуката ја донеле заедно со Гаши и појасни дека на 22 април побарал од лидерот на партијата да се повлече поради здравствени причини.
Според најавите на Владата, во текот на денешниот ден јавноста ќе ги дознае имињата на сите осуммина министри.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.