Нов обид за формирање на влада утре во Косово

Седницата на косовското Собрание за избор на новата влада на мандатарот Глаук Коњуфца е закажана за утре попладне во 14 часот, објави парламентот.

Утре е и крајниот рок Коњуфца да им го предложи составот на својот кабинет на пратениците. Според веб-страницата на парламентот, пред тоа ќе се одржи уште една седница, во 11 часот, на чиј дневен ред ќе биде предлогот за буџетот за следната година. Дополнително, на првата седница, пратениците, меѓу другото, ќе го разгледаат предлогот за формирање парламентарни комисии и ратификација на Договорот меѓу Косово и ЕУ за Планот за раст.

Мандатарот Коњуфца ги искористи сите 15 дена, што му се загарантирани со Уставот, за да се обиде да обезбеди мнозинство во парламентот. Судејќи според изјавите од најголемите опозициски партии, утре нема да има поддршка за неговиот предлог, па затоа новите парламентарни избори изгледаат како пореално сценарио.

Доколку Коњуфца не ја добие потребната поддршка утре, исто како што лидерот на Самоопределување, Албин Курти, не ја доби во првиот обид на 26 октомври, претседателот ќе распише избори што ќе се одржат во рок од 40 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: