Нов облик на семејно насилство – деца напаѓаат родители!

Зголемените тензии во домовите натераа деца да ги напаѓаат своите родители за време на забраната за движење поради коронавирусот во Велика Британија, предупреди Вера Берд од повереник за жртви за Англија и Велс.
Таа рече дека новиот вид семејно насилство е во пораст, според извештаите.
-Постојат некои индиции дека постарите деца ги злоупотребуваат родителите, што веројатно сугерира дека децата сакаат излезат и дека тоа не им е дозволено, изјави таа пред Парламентот, пренесе Би-Би-Си.
Таа додаде дека станува збор за тинејџери и нагласи дека таа појава е загрижувачка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.