На Кејот на Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, Општина Карпош постави нов парк за миленици. Станува збор за голема површина, соодветно заградена и опремена со урбана опрема.
На неформална средба градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев со граѓани – сопственици на кучиња кои со воодушевување ја примија веста за новиот парк. Беа разменети и мислења за одржувањето на паркот и подигнувањето на свеста кај сите граѓани за односот кон животните. Исто така беше изразена подготвеност и за заедничко организирање настани на оваа локација.
Пронајдете не на следниве мрежи: