Нов план на Меркел за корона-кризата – „локдаун“ до 18 април

Британските медиуми дојдоа до најновиот нацрт-план за затворање на Германија поради кризата со коорнаворусот, а е подготвен од канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел.
Препораката за натамошно затворање на земјата е содржана во нацртот подготвен од кабинетот на Меркел, а ќе им биде понуден на разгледување на регионалните и националните лидери во пресрет на денешната видео-конференција, на која ќе се разговара за следната рунда мерки за решавање на пандемијата.
На нивниот заеднички последен, минатомесечен состанок, лидерите на покраините и владата се согласија на внимателно отворање на земјата, надминувајќи ги приговорите на канцеларката, според кои неколку заразни варијанти ја отежнуваат контролата на пандемијата.
Институтот за инфективни болести Роберт Кох соопшти дека бројот на нови случаи на заразени на 100.000 жители во текот на неделата изнесуваше 103,9, што е над прагот од 100 на кои единиците за интензивна нега ќе почнат да остануваат без капацитет.
Нацрт документот наведува дека заклучувањето треба да продолжи до 18 април и дека ќе се примени „итната сопирачка“ договорена на последниот состанок.
Најновиот нацрт план, исто така, ќе ги заостри обврските за компаниите – оние кои не можат да им понудат на вработените можност да работат од дома, ќе мора да им обезбедат еден тест за Ковид-19 неделно или два ако има доволно залихи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.