Нов претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски

Веќе е решено, со 86 гласови ЗА и 77 ПРОТИВ на местото на поранешниот претседател на ЗНМ, Насер Селмани дојде Младен Чадиковски кој за функцијата се бореше со единствениот противкандидат, Стојанче Наумов. Мандатот на Чадиковски ќе му трае до наредните избори на претседател на ЗНМ кои ќе се одржат по 4 години.
За членови на Надзорниот одбор се избрани Мери Јордановска, Адриан Керими, Наташа Стојановска, Семи Мехмети и Ирена Мулачка. За членови, пак, на Управниот одбор се избрани Фиљана Кока, Фуркан Салиу, Среќко Поповски. Аднан Ајдари, Сашка Цветковска, Мишко Иванов и Бенјамин Арифи, додека членови на Советот на честа ќе бидат сите пријавени новинари.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.