Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре во 12 часот ќе се соберат во Пасјан, за да изразат мирен протест поради апсењето на петмина Срби.
Тие ќе се соберат во Пасјан, населба во близина на Гњилан, каде што беа уапсени четворица Срби под обвинение за сторени воени злосторства.

Петтиот Србин е уапсен во селото Бошче кај Косовка Каменица, јави Танјуг.
Петмина Срби беа уапсени вчера за наводни воени злосторства и им беше определен притвор од 30 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: