Во Мексико Сити е направен џиновски сендвич т.н. “торта”, кој е долг 72 метри, а готвачите го припремиле за само 3 минути.
Мајсторите за припрема на сендвичот кои биле од сите краеви на земјата и кои учествувале во создавање на ваквото ремек-дело во кулинарството, веруваат дека ова е најдолгата “торта” во историјата на припремање на сендвичи.
Џиновскиот сендвич бил направен на саемот посветен на мексиканската “торта” во главниот град. Организаторите на 16-тиот саем наречен “Torta Fair” на кој има над стотина штандови за продажба на сендвичи, очекуваат дека до недела ќе имаат повеќе од 300 илјади посетители.
Сендвичот направен од вкусни состојки – салати, авокадо, шунка, морски плодови, ребра и колбаси – на крајот бил изеден со сласт од страна на посетителите на манифестацијата.