Во понеделникот на Волстрит, индексот Dow Jones достигна ново највисоко ниво во историјата, петти ден по ред, додека индексот S&P 500, по седум ден постојан раст, се приближи на само девет индексни поени до својот рекорд.Така, индексот Dow Jones зајакна за 0,35 отсто, на 14.447 поени, индексот S&P 500 се зголеми за 0,32 отсто, на 1.556 поени, додека индексот Nasdaq скокна за 0,26 отсто, на 3.252 индексни поени.Почетокот на тргувањето во понеделникот не навестуваше ваков развој на ситуацијата. Акциите беа под притисок поради намалувањето на кредитниот рејтинг на Италија и послабите од очекуваните макроекономски податоци од Кина. Меѓутоа, тоа не ги застраши инвеститорите, па пазарите подоцна во текот на тргувањето се примирија, а индексите ги надоместија почетните загуби.Иако многу аналитичари очекуваа корекција на цената на акциите, откако на почетокот од годинава индексот Dow Jones порасна за повеќе од 10, а индексот S&P 500 за повеќе од 9 отсто, пазарите делуваат цврсто.Така, индексот VIX или познат како индексот на „стравот“ на опциите на берзата во Чикаго во понеделникот падна за повеќе од 8 отсто, 11,56 поени, најниското ниво од февруари 2007 година, што укажува на тоа дека инвеститорите не очекуваат пад на цените на акциите.Во понеделникот, исто така, немаше позначајни макроекономски податоци коишто би ги поттикнале пошироките пазари, меѓутоа имаше охрабрувачки вести од компаниите.Најголем добитник, со раст на цените за повеќе од 14 отсто, беше акцијата на „BlackBerry“ откако телекомуникацискиот гигант AT&T најави дека наскоро ќе ја започне продажбата на новиот модел l BlackBerry Z10, смартфон со тачскрин.Сепак, инвеститорите се претпазливи, на што укажува слабиот обем на тргувањето.
МакфаксВо понеделникот на Волстрит, индексот Dow Jones достигна ново највисоко ниво во историјата, петти ден по р