Еден од водечките партнери во „Symphony Technologies Group“, Бил Чисолм, стана нов сопственик на тимот Бостон Селтикс. Оваа информација беше објавена од новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија. Според него, Чисолм на семејството Гросебек ќе им исплати неверојатни 6,1 милијарда долари. Ако оваа цена се потврди, Бостон Селтикс ќе биде најскапата спортска франшиза во Северна Америка. Дополнително изненадување е фактот дека семејството Гросебек ги презеде Селтикс во 2002 година по цена од само 360 милиони долари. Тимот Бостон Селтикс, кои се актуелни НБА шампиони, имаат освоено 18 титули низ својата историја, што ги прави најуспешна франшиза. По одиграни 69 натпревари оваа сезона, тие се наоѓаат на второто место на Источната конференција, со 50 победи и 15 порази.
The post Нов сопственик во Бостон: Селтикс стануваат врвна франшиза appeared first on 365.mk.