Бурекот може да биде повод за многу расправи кога станува збор со што е полнет овој масен и сластен појадок, а со што е полнета неговата сестра – питата.
Сепак, сите расправи престануваат уште на првиот залак, па многу негови обожаватели се согласни во едно – со што и да е полнет, бурекот е незаменлив.
Во последните неколку години сме сведоци на многу варијации на тема, па овој деликатес можете да го пронајдете и во солени и во слатки варијанти, со што и да замислите.
Досетливите пекари успеале да ја „заскокоткаат“ имагинацијата и на менито да понудат сè и сешто. Со тоа, покрај класичниот бурек со сирење и месо, денес имаме и пица бурек, бурек со компири, бурек со зелка, но и со разни слатки филови како лешник или ванила крем.
Но, дали би поверувале доколку ви кажеме дека отсега постои и бурек со плескавица? Жителите на српскиот Бор и самите се увериле во такво нешто, а потоа и многубројни корисници на социјалната мрежа Твитер.
burek pljeskavica postoji ovo je za sve koji nisu verovali pic.twitter.com/NkMZEUptFn
— Jovan🇧🇪 (@ZebaJovan) March 10, 2021
Еден креативен пекар од ова место ги споил двете најобожувани српски јадења и создал бурек со плескавица односно „хамбурек“, како што е наречен.
„Хамбурекот“ предизвика бројни реакции, па многумина ја поздравија ваквата идеја и сакаат што поскоро да го пробаат додека други сметаат дека ова е сквернавење. Има и такви кои предложиле и нови вкусови како на пример, бурек со сарма.
Дали би ја пробале оваа необична комбинација?