Нов ТикТок тренд: Луѓе покажуваат колку се здебелиле во текот на 2020 година

Пандемијата на коронавирусот потполно го промени начинот на кој живееме, ја намали можноста за движење, ги затвори теретаните и нè натера повеќето од нас да останеме во своите домови.
Како резултат на овие промени, многу од нас „заработија“ вишок килограми во последните неколку месеци, а најновиот тренд на ТикТок е токму тоа – да покажете колку сте се здебелиле во текот на 2020 година. Поентата на ваквиот тренд е прифаќање на својата нова, заоблена фигура.
Така, една девојка со корисничко име „meazyc333“ споделила две контрасни селфија од почетокот и крајот на 2020 година. На првата фотографија имала рамен стомак, а во декември тој изгледа позаоблено, а и нејзиниот струк е видливо поширок.

@black.tarh3roinYou don’t know me. You don’t know my story. ##loveyourself ##bodypositivity ##allbodiesarebeatiful ##CobraKaiChop ##CozyAtHome ##BRIDGERTON♬ cat noir – <3


И Алек Ниеберлајн ја споделил сопствената трансформација од 2020 година, покажувајќи ја промената на своето тело од мускулесто и дефинирано до фигура со значајно поголеми димензии.
На трендот се приклучила и корисничката на ТикТок, Селена Тревино, која демонстрирала како нејзиното тело од мускулесто станало позаоблено.

@_marilynnmartindraft😚##allbodiesdeservetoeat ##allbodiesarebeatiful ##yourebeautiful ##loveyourself ##loveyourbody♬ Alfalfa song – Collin


За потсетување, кон крајот на декември инфлуенсерката Клои Ксандрија покажа колку нејзиното тело се променило во текот на последните неколку месеци. Таа гордо ги покажа своите облини, а со ваквиот потег, како што тврди, привлекла и многу хејтери кои ѝ се заканувале со смрт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.