Десетици сопственици на ресторани денеска протестираа пред главната железничка станица во Милано, незадоволни од новите правила за работа, што в понеделник стапуваат во сила.
Незадоволните угостители тврдат дека мерките не се јасни и оти поради тоа страда целиот сектор, вклучително и производителите на храна.
Демонстрантите носеа транспарент „Не отворам денеска за да затворам утре“, барајќи да не платат данок и конкретна помош.
Во Италија со новиот коронавирус инфициррани се 223.885 луѓе, од кои 31.610 починаа, а оздравеле 120.205 лица.