Нов удар за Врањеш: Репрезентацијата со одлука која тешко ќе ја поднесе

Откако Андрелехт го остави на клупа до крајот на неговиот договор, сега следи нов удар за фудбалската кариера на Огњен Врањеш.
Тој повеќе не е член на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, одлучи селекторот Роберт Просинечки.


-Тој сам себе се исфрли од репрезентацијата. Секој репрезентативец на светот, вклучувајќи ги тие на Босна и Херцеговина, мора да се докажува на теренот и надвор од него. Жал ми е, но така е. И Фудбалскиот сојуз реагира. Врањеш влезе во конфликт со навивачите, тука беа тетоважата, аферите. Така тоа не оди. Сите мораме да бидеме подредени на репрезентацијата и државата и пласманот на Европското првенство. Такви проблеми не се потребни, вели Просинечки.
Аферата околу Јелена Карлеуша беше само последен од низата на инциденти на фудбалерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.