Нов, црн рекорд: Бројот на новозаразени случаеви порасна за 230, 370 за еден ден

Светската здравствена организација објави најнови податоци заклучно денешниот ден. Станува збор за рекорден глобален пораст на новозаразени случаеви од корона вирусот.

Бројките се застрашувачки, односно 230, 370 нови случаеви за само 24 часа. Најголем пораст забележан е во САД, Бразил, Индија и Јужна Африка.

Вкупниот број на заразени од корона вирусот во светот приближно изнесува 13 милиони, а за овие 7 месеци во борбата со вирусот починати се повеќе од 565, 000  луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.