Нов црн рекорд во Шпанија, изминатата ноќ починале 832 луѓе
Во Шпанија изминатата ноќ починале 832 луѓе, со што вкупната бројка на починати надмина 5.600. Ова е раст од 17 проценти на смртната стапка од корона во земјата, а вкупниот број на заразени сега е околу 72.000.
Здравствениот систем е затегнат во најголема мерка во жариштата во Мадрид и Каталонија, каде лекарите, медицинските сестри и возачите на брза помош работат без прекини, а голем број од нив се разболуваат.
Пабло Рохо, лекар од Барселона, вели дека просекот на годините се намалува.
„Тие веќе не се луѓе од 80 години, сега тие се луѓе од 30 и 40 години“, изјави тој.
Вонредната состојба во Шпанија е продолжена до 12 април.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ НА ТЕМА:
Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.