Нов црн рекорд: 535 новозаразени од корона денеска

Вицепремиерот Артан Груби во вечерашното гостување на ТВ24 ја објави последната статистика за бројот на заразени од Ковид-19.
Тој истакна дека во изминатите 24 часа се регистрирани нови 535 заразени, а биле направени 2.445 тестирања. Најголемиот дел од заразените, односно 277 се од Скопје.
Во истиот период се регистрирани и шестмина починати, а 168 оздравени пациенти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.