Ноле: Се гледаме наскоро, имам медијално кинење на менискусот

Новак Ѓоковиќ се огласи на Инстаграм по повлекувањето од Ролан Гарос.

„Навистина сум тажен што можам да соопштам дека се повлекувам од Ролан Гарос. Играв со срце, дадов се од себе на вчерашниот натпревар, но за жал – поради медијално кинење на менискусот на десното колено, јас и мојот тим донесовме тешка одлука, по внимателно размислување и консултација.

Им посакувам многу среќа на сите играчи кои се натпреваруваат оваа недела и искрено им благодарам на прекрасните навивачи за нивната љубов и континуирана поддршка. Ќе се видиме наскоро”.

Пронајдете не на следниве мрежи: