Норвешка: границите ќе бидат затворени цело лето

Норвешка: границите ќе бидат затворени цело лето!!

Норвешка ќе ги задржи рестрикциите врзани за патувањата до доцна летово, изјави вчера премиерката Ерна Солберг. Норвешките рестрикции за патувања вклучуваат службени препораки да не се патува во странство освен ако не е неопходно, 10 дневен карантин за оние кои доаѓаат од странство и забрана за влез во земјата на оние кои не се државјани на Норвешка или немаат дозвола за престој или работа во оваа земја, објави Ројтерс.

Германија ОФИЦИЈАЛНО влезе во рецесија

„Не сакаме да ги задржиме рестрикциите подолго од потребното“, рече Солберг и додаде дека нејзин совет до луѓето е годишните одмори да ги планираат во Норвешка.

Сезонските работници, без кои не се може, ќе можат да влезат во Норвешка, но и тие ќе поминат во карантин 10 дена без исклучок.