Норвешка откри дополнителни резерви нафта и гас

Норвешка минатата недела ги зголеми проценките за тоа колку неоткриена нафта и гас има во водите за 15 отсто, од кои повеќето се во Баренцово Море, јави „The Local”.

Резервите на нафта и гас во вредност од 30 милијарди евра се откриени на територија, отстапена во 2010 година од Москва на Осло, покажува официјално истражување, објави сајтот „BarentsObserver”.
 Дополнителните ресурси, од кои повеќето се природен гас, во износ од околу 2,5 милијарди барели еквивалент на нафта, според Директоратот за нафта на Норвешка.
 „Ова е голема вест за Норвешка. Овие нови резерви претставуваат голема вредност за норвешкото општество, изјави Ула Буртен Муе”, министер за нафта и енергетика.
 Новите резерви се откриени во југоисточното Баренцово Море по испитување на територија од 44.000 квадратни метри, се наведува во извештај на Директоратот за нафта на Норвешка.
 Тие се проценуваат на 1,9 милијарди барели. Од нив 85 проценти се природен гас, а останатото нафта. Со овие резерви Норвешка располага со најмалку 7,9 милијарди барели резерви.
 Новите проценки се однесуваат и на водите околу островот Јан Мајен, 500 километри источно од Гренланд, што според Норвешката агенција значи дека таму има околу 566 милиони барели, но може да нема и воопшто.
 Производството на нафта во земјата бележи пад 13 година по ред, што е половина од максимумот постигнат во 2000 година, наведува агенцијата „Блумберг”.
 Над 175.000 квадратни километри во југоисточниот дел на Баренцово Море беа дадени на Норвешка од Русија во 2010 година по спор, што траеше повеќе од четири децении.
 Прво СССР, а потоа и Русија настојуваа за поделба на спорната територија со „средна линија” по нулта меридијанот, кој минува низ Северниот пол. Норвешка настојуваше за поделба по сектори со кота на бреговите на Шпицберген. Конечно земјите зедоа по 50 отсто од спорната зона.
 Норвешка е еден од најголемите извозници на нафта и гас. Во јануари произведе 1.473 милионии барели нафтата дневно и продаде 10,5 милијарди кубни метри на природен гас.
Макфакс
Норвешка минатата недела ги зголеми проценките за тоа колку неоткриена нафта и гас има во водите за 15 отсто, од кои п

Пронајдете не на следниве мрежи: