НОРВЕШКИ РИБАРИ НАЛЕТАЛЕ НА УЖАС ВО АРКТИЧКИОТ КРУГ: Се приближиле да видат што лебди, па избегале ШТО ПОДАЛЕКУ

Шокираните рибари не можеле да им веруваат на своите очи кога налетале на труп од кит кој требало да експлодира откако ненормално се надувал поради заробени гасови!Норвешкиот екипаж претходно забележал нешто црно како лебди на помалку од еден километар од нив и не знаел што е тоа. Тие претпазливо пристапија за да погледнат поблиску, но брзо сфатија дека надуениот труп на грбавиот кит претставува опасност поради можноста да експлодира со значителна сила.Ветеранот рибар Даг Ридланд рече дека го чувал својот брод на безбедно растојание и не се осмелил на 100 метри од страв дека трупот на морскиот цицач ќе експлодира.– Се надевам дека нема да заврши на брегот пред тоа. Смрдливите делови ќе летаат многу метри ако експлодира – изјави Ридланд за весникот Дагбладет.Морнарот, кој риболови веќе 27 години, рекол дека видел многу мртви китови, но ова е најголемиот што некогаш го сретнал. Тој наведува дека трупот изгледал како џиновски надуен балон.– Се штрчеше околу три метри над морето – додаде Ридланд.На видеото се гледа дека китот е превртен наопаку.Рибари наишле на мртов кит на отворено море северно од норвешкиот остров Андоја, односно длабоко во Арктичкиот круг.Надуените трупови на китови често експлодираат бидејќи заробените гасови не можат постепено да избегаат. Кога животното умира, бактериите во трупот произведуваат метан како дел од процесот на распаѓање, а гасот може да го пробие животното ако не се ослободи.Китовите се најекстремниот пример за ова бидејќи нивната огромна големина ги прави ефектите од акумулацијата на гас многу поголеми.

Пронајдете не на следниве мрежи: