Носам голем товар, ова ќе ме прогонува цел живот – рече Јованов во завршните зборови

Носам голема грижа на совест за тоа што го сторив. Нема ден да не се помолам за душата на Фросина и за здравјето на нејзиното семејство.

Ова ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Уште еднаш да им изразам најдлабоко,сочувство и да им се извинам – рече обвинетиот за прегазувањето на Фросина, Васил Јованов во завршните зборови.

Таткото на Фросина ја напушти судницата на неговите завршни зборови.

Неговиот адвокат побара да се ценат сите факти и да се донесе соодветна пресуда.

Пресуда за овој случај е закажана за на 13 мај во 10 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: