
Пожарот кој вчера избувна во катедралата Нотр Дам во Париз за час се најде на сите насловни страни на весниците ширум светот. Во драматини моменти се сруши кулата, но за среќа е зачувана структурата на катедралата.
Според некои толкувања, уште пред 500 години Нострадамус го предвидел пожарот во Нотр Дам и тоа на точен датум, 15 април 2019 година. Наводно , од неговите стихови јасно е дека Франција и Италија ќе бидат најемотивно погодени, а овој настан според неговото толкување ќе биде раѓање на злото кое доаѓа во второто столетие.
Пророштвото оживува од различни астролошки траги што укажуваат на 15 април 2019 година. Еден од најчестите зборови кај Нострадамус е “емоции”, и тоа се поклопува со она што претседателот Макрон го споменува преку Твитер кога пишува: “Нотр Дам е во оган. Католиците и сите Французи, како и сите граѓани, гори и дел од нас. ”